Бизнис
21. јуни 2018 - 15:15

Почна постапката за објавување јавен оглас за откуп на 12.000 тони домашна пченица

Агенцијата за стоковни резерви ја почна постапката за објавување јавен оглас за откуп на 12.000 тони домашна пченица, соопшти Министерството за земјоделство.

На овој начин, според МЗШВ, ќе се мотивираат мелничарите да откупуваат домашна пченица која потоа ќе ја продадат на Агенцијата за стоковни резерви, а воедно ќе се влијае и на постигнување солидна откупна цена на домашното жито. 

Прв пат ќе се пуштат и помали лотови на кои ќе можат да конкурираат и земјоделците.

МЗШВ деновове ќе излезе и со пресметките за производната цена на годишната пченица и мерките што ќе се преземаат.

- Досега се оддржаа повеќе состаноци со производителите на пченица и мленичарите за да се постигне договор од заеднички интерес, информира Министерството.