Македонија
23. September 2019 - 17:19

Почна пошумувањето на опожарените места во велешко

Почна пошумувањето на опожарените места крај езерото Младост во Велес. Со помош од локалната самоуправа, граѓаните и невладините организации, ќе бидат обновени над 400 хектари, кои изгореа во огнената стихија минатиот месец.

Војската денеска ги сечеше изгорените дрвја, а според надлежните, работата на обнова на шумата крај езерото Младост ќе трае до пролет.

“Ова ќе биде макотрпна и долготрајна работа, ќе се работи секој работен ден, се ова што го гледате ќе биде исчистено и пошумено...”

Опожарените места ги посетија претседателот Пендаровски и градоначалникот на Велес Коцевски. Беа засадени 30-ина садници крај велешкото езеро, а големото пошумување е закажано за 9-ти ноември.

„Запрепастен сум од ова што го видов на самото место. Едно се новинарските извештаи, снимки кои ги гледаме дома, седејќи пред телевизорот...”

Пендаровски ги посети и оние кои беа директно вклучени во гаснењето на стихијата – велешките пожарникари, при што откри дека е во контакт со две амбасади од кои бара донации со кои значително ќе се подобрат условите во кои работат.