Македонија
6. December 2015 - 17:30

Почна изградбата на логистичко-дистрибутивен центар Тинекс во индустриската зона Чојлија

Почна изградбата на логистичко дистрибутивниот центар на Тинекс во Петровец.Инвестицијата е вредна 14 милиони евра, а објектот ќе се гради во две фази. За почеток ќе бидат вработени 100 лица а по целосното завршување на центарот уште 100.Премиерот Груевски кој што присуствуваше на поставувањето на камен темелникот истакна дека сите парцели во зоната Ќојлија кај што ќе биде центарот се распродадени, и најави изградба на уште две индустриски зони.

Сопственикот посочи дека дека поддршката што ја дава државата на домашните инвеститори е одличен мотив да инвестираат во сопствената  земја. Во развојот на компаниите, а со тоа да учествуваат и во развојот на индустријата и економијата.

Во првата фаза ќе се гради објект со површина од 11 000 м2 кој што треба да биде готов до крајот на следната година.