Бизнис
22. јуни 2018 - 12:38

Почна изградбата на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерите за транспорт и врски, Горан Сугарески, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов денеска го означија стартот на изградбата на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка.