Бизнис
4. March 2021 - 16:33

Почна изградбата на далноводот Штип - Овче Поле

Официјално започна изградбата на новиот 110 kw далновод Штип - Овче Поле, на постоечката траса, во должина од 17,8 км. Инфраструктурниот зафат на АД МЕПСО подразбира отстранување на старите бетонски и поставување на нови челично решеткави столбови.

- АД МЕПСО значително ќе ја зголеми доверливоста и капацитетот на преносната мрежа во источниот регион на државата, така што ќе се сведат на минимум трошоците за одржување и ќе се намалат загубите, изјави Куштрим Рамадани, генрален директор - АД МЕПСО.

Во реализацијата учествуваат две српски и една домашна компанија, а целата инвестиција е во вредност од 1,41 милион евра, средства обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој. Целта е во иднина далноводот за да снабдува со енергија од обновливи извори.

- Овој далновод е надополнување на инвестициите во регионот, поточно, изграба на 25 мега ватна фотоволтаична централа во Анзабегово и 36 мега ватна ветерна електрична централа кај Богословец, кои ќе донесат комбинирани инвестиции од над 75 милиони евра, изјави Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР.

Ова е само дел од зеленото сценарио од енергетската стратегија за постепено затворање на термоцентралите Осломеј и Битола и целосно исфрлање на јагленот од употреба низ целата земја.