Свет
13. April 2016 - 8:36

Почна гласањето на парламентарните избори во Сирија

На 7.000 избирачки места во Сирија денеска почна гласањето за избор на новиот состав на Парламентот, јави ТАСС.

Изборните места ги отворија вратите во 7 часот по локално време, а гласањето ќе трае до 19 часот. Изборите за челнови на сирискиот Парламент се оддржуваат на територијата на 13 од вкупно 15 провинции во земјата. Исклучок се провинциите Рака и Идлиб, кои се наоѓаат под контрола на Исламската држава и на сирискиот огранок на Ал Каеда - Џебхат ал Нусра.

Изборите се одржуваат согласно Уставот на Сирија, усвоен на референдумот од 26 февруари 2012 година. 

Парламентот наречен Народен совет се состои од 250 пратеници, кои се избираат на директни и тајни избори со мандат од четири години. За претставниците на работниците и на селаните се определени квоти. За овие категории на кандидати загарантирани се 127 места во Парламентот.

Гласањето се оддржува во момент кога во Женева почнува последната рунда меѓусириски преговори, кои се очекува да траат десетина една.

Опозицијата и западните земји сметаат дека изборите се незаконски