Свет
8. October 2016 - 9:26

Почна гласањето на парламентарните избори Грузија

Отворени се гласачките места во Грузија, каде избирачите гласаат за новиот парламентарен состав на земјата, јави ТАСС.

Грузијците во 3645 избирачки места гласаат за 150 пратеници - 77 по пропорционален модел и 73 по мнозински модел за четиригодишен мандат.

Изборниот ден завршува во 20.00 часот  по локално време. Право на глас имаат 3,5 милиони Грузијци.