Почна чистењето на тетовската депонија
Компанијата „Голец Транс“, која понуди најдобри услови согласно критериумите на огласот за јавна набавка, избрана е за извршување услуги за дислоцирање на сметот од депонијата во Тетово, информира владината прес-служба.
Постапката, како што се наведува, завршила во петокот, на 18 август.
- Во соработка со Јавното комуналното претпријатие Тетово, овие активности за дислокација на отпадот почнуваат денеска. Отпадот од оваа депонија ќе биде складиран во депониите Дрисла или Русино, соопшти владината прес-служба.
Согласно одлуката од 17. седница на Владата на Република Македонија, завршена е и постапката за решавање на проблемот со депонијата во Струга.
- Отпадот од општина Струга во натамошниот период ќе се транспортира во депонија што ќе ја договори општинското комунално претпријатие, а сегашната дива депонија ќе почне да се затрупува и ќе биде спроведено нејзино култивирање соодветно на неопходните еколошки стандарди, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Човечка грешка е водечка верзија за несреќата со српскиот автобус
-
Медведев и Швјонтек и натаму лидери на АТП и ВТА листите
-
Реал стартуваше со победа во новата сезона на Примера
-
Што содржи Скопскиот технолошки парк кој го најави холивудската ѕвезда Џон Малковиќ
-
Исвиркан македонскиот јазик на забавата за Рамковниот договор која граѓаните ја платија 100.000 евра
-
50 семејства пријавиле штети од невремето во Кавадарци
-
Тема на денот: Кога ќе почне производството и дали автомобилите на е-ГО ќе имаат достапна цена на македонскиот пазар
-
Е ВАКА СЕ ПЕЕ ХИМНАТА - ГОЛЕМО БРАВО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТНИ НАДЕЖИ