Балкан
6. September 2017 - 10:23

Починал откако имал односи со две жени - несекојдневна случка во болница

56-годишен маж од Белград во неделата починал откако имал секс со двете љубовници.

Српскиот Курир денеска пишува дека тој починал од срце, но во околности како на филм. Пред неколку дена се јавила жена во Брза помош и е пожалила дека мажот до неа најверојатно има инфаркт.

- Се јави сопруга, рече дека маж и делува како да има инфаркт во 2 по полноќ. Отидовме веднаш, а таму начекавме две жени, на 40 години. Човекот според нив почнал да се тресе, да се поти и гуши откако имал секс со двете, велат од Брзата помош.

Човекот бил пренесен во болница и за жал починал. Бидејќи едната жена се претставила како негова сопруга, а другата како сестра, лекарите побарале член на семејството да потпише изјава, а тогаш жените одбиле бидејќи ниедна не била во сродство, па се открила лагата.

Потоа, на една медицинска сестра и признале дека веќе пет дена имале групен секс, а на М.С. му откажало срцето.