Почина великанот на комедијата, актерот и режисер
Познатиот американски актер, комичар и режисер Џери Луис почина синоќа, на 91 година, во својот дом во Лас Вегас, опкружен од неговите блиски, соопшти семејството.
Луис ја започна својата кариера со хумористични скечеви, изведувајќи ги во клубови, радио и на телевизија. Стана популарен во 40-тите години од минатиот век, благодарение на „дуетот“ со Дин Мартин, со кого се раздели во 1956 година, по десет години заедничка работа.
Учествуваше во филмовите „Аризона дрим“, 1993 на Емир Кустурица и во „Ккралот на комедијата" (The King of Comedy, 1982) на Мартин Скорсезе. Во 1960 година го направи своето режисерско деби со „The Bellboy“. Три години подоцна стана ѕвезда со најпопуларниот филм (на кој е исто така режисер и сценарист) - „Налудничавиот професор“ (The Nutty Professor).
Има освоено бројни награди, меѓу кои и Оскар. Има две ѕвезди на Холивудската патека на славните.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто