Македонија
23. јуни 2019 - 16:15

Почина родилка од сепса во охридската болница

Молк околу случајот со починатата родилка од охридската населба Рача, сеуште се чека одговорот од што почина 29 годишната жена.

Од општата болница потврдија дека пред една недела се породила а  повеќе информации и официјален  став најавија во текот на утрешниот ден.Според првичните неофицијални информации станува збор за млада жена родилка која со царски рез се породила пред 7 дена на гинеколошкото одление во охридската општа болница при што родила здраво женско бебе. . После породувањето била задржана на одделението. Во текот на наредните денови кога требало да биде отпуштена дошло до влошување на состојбата на младата мајка , а откако било утврдено дека таа се наоѓа во живото загрозувачка состојба итно била префрлена  на клиниката во Скопје, каде по три дена починала. Неофицијално, причина за смртта е сепса.