Џет-Сет
26. February 2017 - 17:41

Почина познатиот актер

Актерот Бил Пекстон почина вчера на возраст од 61 година од компликации по операција.

-Со тешко срце ја споделуваме веста дека Бил Пекстон почина. Тој имаше славна кариера која траеше четири децении и беше сакан и успешен актер и режисер. Страста на Бил за уметноста ја чувствуваа сите кој го познаваа,  а неговата топлина и енергија беа не порекливи, се наведува во соопштението кое го објави семејството на актерот.

Актерот зад себе остави две деца и сопруга.