Свет
18. August 2018 - 12:29

Почина поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Кофи Анан

Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Кофи Анан, почина денеска после кратко боледување, соопштено е на официјалниот Твитер профил на Агенцијата ОН за миграции.

-Денеска жалиме за загубата на големиот човек, лидер и визионер, се наведува на официјалната Твитер објава.

Анан е дипломат со потекло од Гана и беше генерален секретар на светската организација од 1997 до 2006 година.

За својата хуманитарна работа доби Нобелова награда за мир.