Свет
28. August 2021 - 15:27

Почина палестинското дете рането во судирите на границата меѓу Газа и Израел

Палестинското 12-годишно дете, кое беше рането во минатонеделните судири со израелски војници долж границата меѓу Појасот Газа и Израел, почина денеска, соопшти Министерството за здравство на територијата.

Омар Хасан Абу ал-Нил беше погоден со куршум во судирите минатата сабота што избувнаа за време на демонстрациите во близина на оградата на границата.

Во судирите беа повредени околу 40 лица, меѓу кои и 32-годишен Палестинец, кој почина во средата.