Македонија
5. July 2021 - 13:29

Почина пациентот кај кого беше извршена четвртата трансплантација на срце

Два дена откако беше извршена трансплантацијата на срцe, починал последниот пациент кај кого беше изведена ваква операција, јавува Телма.

Неговите блиски за телевизијата тврдат дека операцијата била успешна, но потоа се создала инфекција од бактеријата.

Оваа информација во емисијата „Утрински брифинг“ ја потврди и самиот министер Филипче.

-Имаше една тешка општа состојба, иако во еден момент од лекувањето имаше и флуктуација и подобрување, но и влошување. Но, за жал, последното влошување не го преживеа. Лекарите дадоа сѐ од себе. Не е точно и не е коректно да се кажува дека се потфрлува во некој дел. Инфекции во интензивните неги од тие специфични бактерии има насекаде во светот и тоа е така и кај нас. Имаме механизми кои ги користиме за тие пациенти да се излекуваат. И други пациенти со трансплантација имале таква форма на инфекција, па се излекувале, рече Филипче додавајќи дека не значи оти ако пациент ја фати инфекцијата дека со сигурност ќе почине.