Џет-Сет
12. November 2018 - 23:32

Почина креаторот на Спајдермен, Ајронмен, Хулк

Стен Ли, творецот на , Ајронмен, Хулк и многу други суперхерои на американската компанија „Марвел комикс“ (Marvel Comics), почина на 96 години, соопшти неговата ќерка.

Како писател и издавач, Ли беше клучен за развојот на „Марвел“ во 60-тите години од минатиот век, кога со соработниците креираше суперхерои, кои ќе станат митски ликови во американската поп култура.

Ли се појавуваше на кратко и во некои филмови на Марвел.