Живот
6. February 2023 - 8:20

Почина глумецот Чарлс Кимброу

Глумецот Чарлс Кимброу почина на 86-годишна возраст. Според „Њујорк тајмс“, тој починал во Калвер Cити, Калифорнија, САД, на 11 јануари, но веста е објавена сега.

Пошироката јавност го памети како Џим Дијал во ТВ-серијата „Марфи Браун“. Тој глумеше во сите 247 епизоди од серијата, а се појави и во продолжението од 2018 година.

Тој исто така беше номиниран за „Еми“ за таа улога. Серијата траеше од 1988 до 1998 година.