Македонија
28. July 2019 - 14:10

Почина актерот Гоце Влахов, колегите се простуваат од него

Македонскиот актер Гоце Влахов почина на 70-годишна возраст.

Влахов глумел во многу претстави, емисии на МТВ, а препознатлив е по улогите во Македонски народни приказни. Има глумено и во серијалот на МТВ, „Тврдокорни“ од 1988 година и во филмот на Милчо Манчевски – „Сенки“ во 2007-та година.

Неговите колеги и соработници се простуваат на социјалните мрежи со потресни зборови.