-->
-->
Почина Аки Рахимовски, долгогодишниот фронтмен на „Парни Ваљак“
-->
Александар Аки Рахимовски почина на 66 годишна возраст. Тој беше познат по ангажманот во рок составот од Загреб „Парни Вањак“.
-Драги пријатели, со неопислива тага во срцето ве известуваме дека денеска (22.01.2022) засекогаш заспа Аки Рахимовски, објавено е на официјалниот Фејсбук профил на Парни Ваљак.
Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите “Вакуум”, “Крвна браќа” и “Тор” со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на “Парни ваљак”.
Александар Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи