Фудбал
22. January 2023 - 19:58

Победи на Сити и Арсенал во Премиер лигата

Екипата на Манчестер Сити полека влегува во серија откако убедливо со 3-0 го торпедираше Вулверхемтон и тоа со трите гола на Ервинг Халанд што негов четврти хет-трик во само 19 натпревари. 
Серијата голови на Норвежанецот започна во 40-тата минута а продолжи на стартот на второто полувреме. 
Со двете победи во последните неколку дена Сити потврди дека сепак не се откажува од ловот на титулата. 
Предмалку заврши и дербито во кое Арсенал со гол во 90-тата минута го совлада Манчестер Ј. со 3-2 и направи голем чекор кон шампионската титула.