Loading Video...
Ракомет
7. December 2018 - 10:23

Победи на Франција и Црна Гора на ЕП за ракометарки

На Европското првенство за ракометарки што се одржува во Франција, започна втората, главна рунда од натпреварувањето.  
 
Франција и Црна Гора со победи ја започнаа четвртфиналната рунда на Европскиот шампионат.
 
Домашната селекција на Франција славеше сигурна победа над Данска со 29-23, додека Црногорките во нешто понеизвесен натпревар беа подобри од Шведска со 30-28.
 
Сега Франција е лидер на табелата со 4 бодови колку што има и второ пласираната Русија која пак својот меч од 1.коло против Србија ќе го игра утре.
 
Србинките заедно со останатите три селекции: Шведска, Црна Гора и Данска имаат по два бода. 
 
Со по 4 бодови во втората група ќе стартуваат Романија и Холандија, додека Унгарија и Германија ќе започнат со 2, а Шпанија и Норвешка од нула. 
 
Денеска во оваа група ќе играат, Шпанија – Германија и Унгарија – Норвешка, додека Холандија