Побарано изземање на судечкиот совет за „Насилство во Центар“
Во Кривичниот суд денеска продолжи рочиштето за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Насилство во општина Центар“, на кое исказ треба да дадат двајца сведоци.
На рочиштето присуствуваат сите обвинети, нивните бранители со исклучок на Милан Андонов и Митко Печков, кои се адвокати на Никола Груевски и Миле Јанакиески.
Одбраната непосредно пред судењето достави барање за изземање на судечкиот совет.
Обвинетите во овој случај, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.
Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.
Ново на Сител
-
Каевски: Не се во прашање меѓуетнички тензии, туку политичко крваво сценарио, граѓаните да не подлегнуваат
-
Мицкоски: Долго време добивам информации за моја елиминација
-
Братот на директорот на „Комунална хигиена“ од Алијанса пукал во демонстрантите
-
Насилни демонстранти фрлаа димни бомби, петарди и шишиња кон полицијата пред Собранието, повредени двајца полицајци
-
МВР: Лицето кое Мицкоски го посочува дека се обидело да го убие е приведено
-
Уште еден напаѓач со пиштол сликан кај Мавровка | ФОТО
-
Приведен еден од напаѓачите кој пукаше со пиштол кон демонстрантите кај Мавровка
-
Мицкоски: Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва