По Трамп, и Матис ги откажа планираните посети

Американскиот секретар за одбаран Џејмс Матис синоќа ги откажа посетите на сојузните држави Клаифорнија и Невада, планирани за претстојниот викенд, соопшти Пентагон.
Најавата од Пентагон следува откако вчера Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп ја откажал посетата на Перу и Колумбија и дека останува во САД „за да го контролира одговорот за Сирија“.
- На негово место, на осмиот Панамерикански самит во Лима, Перу ќе присуствува американскиот потпретседател Мајк Пенс а потоа ќе отпатува за Богота, Колумбија, истакна портпаролот на Белата куќа, Сара Сандерс.
Таа нагласи дека Трамп „ќе остане во САД за да го надгледува американскиот одговор за Сирија и да ги следи случувањата низ целиот свет“.
Ваквите одлуки на Белата куќа и Пентагон ги поттикнаа шпекулациите дека САД нејваројатно подготвуваат воена акција цо Сирија, како одговор на претпоставениот напад со хемиско оружје во градот Дума на 7 април, за кој се обвинети сириските власти.
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе присуствува на Комисијата за човекови права закажана по барање на родителите на загинатите во Кочани
-

Стартува пленарната расправа за буџетот за следната година
-

Преку онлајн иницијатива СДСМ ќе се бори против отворање на мигрантски кампови во Македонија
-

Врнежите ја пролонгираа есенската сеидба
-

Со растечката примена на вештачката интелигенција мора да постои регулатива
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје
-

За разговори меѓу Скопје и Софија ќе се чекаат подобри времиња
