По повод празникот 8 Септември, зградата на Владата на Република Северна Македонија осветлена со празнични бои
Во рамки на одбележувањето на Денот на независноста - 8 Септември, вчеравечер, дел од државните институции и нашите најзначајни историски и културни обележја беа „обоени” во празнични бои.
Со првиот мрак, врз зградата на Владата на Република Северна Македонија започна да се емитува видео-арт перформансот „Црвено“ на македонскиот визуелен уметник Емил Петро, којшто се повторуваше до зори.
Со специјални светлосни тела врз ѕидините на скопското Кале беше испишан слоганот „8 Септември - Гласник на слободата“, а целата тврдина блесна во специјално празнично осветлување.
Осветлувањето е дел од одбележувањето на Денот на независноста - 8 Септември, кој годинава, во организација на Владата на Република Северна Македонија се чествуваше со свечености и активности на повеќе локации низ државава. Како дел од годинешното одбележување на празникот, беше одржана Свечена академија „32 години независност“, а во Градскиот парк во Скопје се организираше богата културно-уметничка програма, проследена со тактичко показни вежби на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи.
Во текот на денот, на истата локација, пред посетителите беа презентирани серија спортски активности организирани во соработка со Агенцијата за млади и спорт.
Покрај многубројните пригодни манифестации, во текот на вчерашниот ден во целата држава се реализираше културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки граѓаните имаа можност бесплатно да ги посетат културните установи, музеи и галерии во целата Република.
Влада на Република Северна Македонија
Ново на Сител
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари
-
Контролирани пожари - Можат ли да помогнат со справувањето на шумските пожари
-
Модерното време штетно влијае на правилен раст и развој
-
Преглед на вестите од светот