Свет
3. December 2021 - 11:33

По повлекувањето од политиката, Себастијан Курц има право на 11.000 евра месечно

По целосното повлекување од австриската политичка сцена, поранешниот канцелар Себастијан Курц ја губи платата на шеф на пратеничкиот клуб, но делумно и не веднаш.

Бруто платата на првиот човек на пратеничкиот клуб изнесува 15.182 евра месечно.

Курц сега има право да добива 75 отсто од последната плата, која во овој случај би била над 11.000 евра, за шест месеци. За тоа време Курц може целосно да му се посвети на семејството и да најде нова работа.

Меѓутоа, за да ги добие тие пари Курц мора да поднесе барање, бидејќи тие приходи не се исплаќаат автоматски. Засега не се знае дали ќе го направи тоа.