Loading Video...
Кошарка
30. July 2018 - 17:17

По поразот од Луксембург, слободниот ден на ЕП добро ќе им дојде пред се на македонските кошаркари

На Европското прветсво (Б дивизија) за кошаркари до 18 години, што се одржува во Скопје денеска е слободен ден, кој добро ќе им дојде пред се на нашите млади кошаркари.  
 
По вчерашниот пораз од аутсајдерот Луксембург и неразбирливо катастрофално одиграното второ полувреме, избраниците на селекторот Панче Милевски и неговите соработници имаат што да анализираат и да се обидат да корегираат во следните натпревари кои ги очекуваат. 
 
Но, место да голема надеж нема многу,пред се имајќи го во предвид квалитетот на противниците, Израел кој важи да еден од главните фаворити на турнирот, но и Чешка која пак направи големо изненадување со победата токму над Израелците. 
 
Црвено-жолтите по три кола се на претпоследното место на табелата во Ц групата пред Исланд кого го совладаа, но зад Луксембург, Холандија, Израел и Чешка. 
 
Утре во мечот од 4.коло кој ќе се игра во СРЦ Кале со почеток од 18:45 часот, македонските јуниори за противник ќе го имаат Израел, а ден подоцна (в среда) во истиот термин ќе играат против Чешка.