По овие патишта многу сообраќајки и жртви, пред два дена загина цело четиричлено семејство
По патиштата низ Косово се случуваат многу сообраќајни несреќи, за жал, со многу жртви.
Полициската статистика потврдува дека во измнатите петнаесет години, секој трет ден по едно лице го губи животот во сообраќајна несреќа.
- Патиштата низ Косово се претворија во патишта на смртта. Во периодот од 2002 година заклучно со првата половина од годинава, се случиле над 200 илјади сообраќајни несреќи. Во околу две илјади сообраќајки со тешки последици, животот го загубиле 2.201 лице, додека повредени биле околу 100 илјади, наведува приштински „Зери“.
Најмногу жртви, како последица на сообраќајни несреќи се регистрирани во 2006 година -178, во 2009 година- 176 жртви и 2010 година-175 жртви.
Во првата половина од годинава животот го загубиле 51 лице.
Неславниот биланс продолжува понатаму. Во тешка сообраќајна несреќа пред два дена животот го загубија четири лица, сите од едно семејство.
Ново на Сител
-
Воз удри мигрант, застанал веднаш но мигрантите избегале
-
Грчката претседателка бара итно и целосно расчистување на случајот со прислушувањата
-
Брачен пар од Македонија со злато скриено во пелени се обидел да замине во Швајцарија
-
Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција
-
Вучиќ: Србија на историски максимум на резерви на природен гас
-
Кина: Вежбите околу Тајван се предупредување за САД и лекција за тајванските сепаратисти
-
Азески: Четири прашања пред почетокот на расправата за нацрт даночната реформа
-
Ангелов: Поголема јавна свест за опасноста од пожарите ќе ни биде од голема помош