По Могерини и Хан, следната недела и Туск во Скопје
- По посетата на виосоката претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во посета на Македонија доаѓа и претседателот на Европски совет Доналд Туск.
Туск ќе ја посети Македонија во рамки на турнејата по земјите од Западен Балкан. Од 24 до 28 април ќе ги посети и Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора во контекст на подготовките за Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 17 мај во Софија.
- Пораката до нашите пријатели е јасна: Европската унија е и ќе продолжи да биде најдоверлив партнер во целиот регион. Како најголем инвеститор, најголем донатор, најголем пазар и најдобро ветување за подобра иднина на граѓаните. Нашиот самит би требало да ја потврди европската перспектива на регионот. И што е уште поважно, би требало да се подобрат, на конкретен начин, врските со регионот и внатре во регионот, истакна Туск во денешниот говор пред Европскиот парламент, посветен на Западен Балкан.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО