Македонија
24. October 2017 - 16:13

По кој закон ќе се пуши во локалите оваа зима?

По кој закон ќе се пуши оваа зима? По постоечкиот, по оној  на група пратеници за кој Собранието ќе се произнесе по изборите или по комплетно новиот текст, по европски терк, кој вчера го најави премиерот Заев.

Од Владата денеска дополнуваат дека сметаат дека станува збор за важно прашање кое ги засега сите чинители во Македонија.

За владата во прв план ќе биде заштитата на здравјето на населението и тоа е прироитет. Владата на Република Македонија нема да носи избрзани одлуки кои немаат широк граѓански консензус и ќе обезбеди суштинска јавна дебата за регулацијата на пушењето со цел да се слушне мислењето на сите засегнати страни. Во овој момент на сила е постојно законско решение кое ја регулира оваа тематика, стои во владиниот одговор до Сител. ​

Пратениците предлагачи на измените на законот за пушење велат дека нивниот текст е во процедура и за сега нема најави дека ќе биде повлечен иако Владата минатата недела не се произнесе  по него. Со измените се дозволува пушење на терасите и бавчите во зимски услови, односно ако се затворени со најлон.

Постоечкиот закон пак дозволува пушење на терасите и бавчите само ако се тие отворени од три страни или немаат кров.