Македонија
13. February 2018 - 16:16

По бурните реакции на јавноста, СОНК бара да се преиспита конкурсот на Министерството за култура

Да се приспита распределбата на пари од Министерството за култура наменети за проекти на граѓанскиот сектор и институциите од областа на културата.

Ова го бара Самостојниот синдикат за образование, наука и култура според кој финансираните проекти не ја презентираат а ниту ја отлсикуваат културата во државата.

Според СОНК, финансирањето на одредени проекти е сомнително бидејќи пари добиле и апликации на членови на комисиите кои одчучувале за распределбата на буџетските средства..

Од Министерството за култура пак уверуваат дека законски се водел процесот за избор на проекти кои ќе се финансираат.. Незадоволните имале и жалбена постапка во која можат да вложат приговор..

„Нема потреба да го поништиме целиот конкурс, ние остануваме на ставот дека и покрај предизвиците, со овој процес имаме успех и имаме зголемен интерес за културни проекти и правичност а распределбата е согласно интересот на граѓаните“, се вели во известувањето од Министерството за култура.. 

Инаку најголем револт меѓу уметниците и културните работници предизвика одлуката да се финансираат и проекти на Тони Васиќ, Ивана Васева и Сашо Кокаланов кои се членови на комисии што одлучувале за распределбата на пари од Министерството за култура.. По бурните реакции во јавноста се огласи ресорното министерство според кое немало судир на интереси бидејќи нивните проекти ги оценувале други комисии во други дејности..

Сепак ова не ги смири страстите кај уметниците.. Композиторот и гитарист Петар Ренџов кој се огласи на фејсбук смета дека министерството за култура ги занемарило младите уметници и нивната жестока и креативна енергија..

„Стотици млади луѓе кои ја создаваат културата во Македонија и кои конкурирале се чувствуваат изневерени, дали се изместени параметрите за тоа, кој и што претставува КУЛТУРА!“, напиша Ренџов..

Нелогичност во распределбата на пари од Министерството за култура гледа и поп пејачката Тамара Тодевска која смета дека парите кои ги добила за издавање на нов албум изнесуваат колку патните трошоци на пратениците..

„ Тажно е што сум единствената на списокот, а нам во ова време ни треба музичка сцена и поддршка за многу други музичари и пејачи, кој сакаат бездруго да создаваат музика, а со тоа и нашата генерација и држава да има песни“, вели Тодевска..

Инаку освен за проектите на поединци и граѓанските организации, револт од распределба на буџетот за култура искажуваат и дел од вработените во културните институции.. Така актерите од кумановскиот театар јавно изразија разочарување од одлуката да работат само две претстави оваа година со буџет од над еден и пол милион денари, сума за која негодува и првиот човек на институцијата..

На конкурсот за финансирање проекти од областа на културата, ресорното министерство добило над 5 илајди апликации а половина од нив не добија поддршка за реализација.