Македонија
26. November 2021 - 20:12

По 4 дена инспекторите влегоа во Беса транс

По 4 дена се отворија вратите на Беса транс. Инспекцијата влезе во Беса Транс во придружба на полицијата.

Што точно се проверува, каде е сопственикот на фирмата ниту МВР не открива. Спасовски вели дека тој бил достапен за органите и е во државата но не одговори дали и колку лица се приведени до сега.

Кога се вратиле останатите патници од трите автобуси ниту една институвција нема одговор. Се повикувале и тие на разговор во полицијата но Спасовски вели истрагата нема да се води преку медиумите. За автобусите отворен е предмет во ОЈО.

Возачите кои загинаа управувале возило без лиценца а границата ја минале со злоупотреба на лиценца од друго возило која патем била неважечка. Не биле ниту пријавени во фирмата Беса Транс ниту пак ангажирани како возачи. МВР и Транспорт се прогласија за ненадлежни во однос на проверките и зошто бил пропуштен автобусот без потребната документација кој оваа година 113 пати поминал преку граница.

Беса транс поседувале две лиценци едната за слободен превоз во меѓународен сообраќај за која Бочварски донел решение да биде одземана, а другата била  за линиски превоз на патници за внатрешен сообраќај но е истечена во октомври годинава.