Живот
21. January 2017 - 12:32

По 37 години падна снег во Сахара

Во алжирскиот град Аин Сефра, во пустината Сахара, која инаку е позната по своите високи температури, првпат падна снег уште од 1979 година, пишува весникот „Вашингтон пост“.

Фотографот Карим Бочетата ги забележал неверојатните слики на песочните дини, кои биле прекриени со снежна покривка.

- Сите беа изненадени од глетката, тоа навистина ретко се случува, истакна Бочетата.

Првиот снег на подрачјето на Сахара паднал на 18 февруари 1979 година, кога снежната бура траела само половина час.