Македонија
3. јуни 2016 - 19:57

По 25 години Штип доби затврен градски пазар

Штип доби целосно реконструиран затворен градски пазар по цели 25 години. Ова досега е еден од поголемите градежни зафати во општината што објектот го направи пофункционален и поатрактивен и за пазарџиите и за потрошувачите.

Создаваме амбиент, кога купуваме производи, кога произведуваме здрава храна, таа да се продава во соодветни чисти услови, во уреден пазар и на граѓаните да им биде мило да доаѓаат и да пазаруваат-изјави Илчо Захариев, градоначалник на О. Штип

Покрај новите продажни места, чии број е зголемен за 120 тезги, изграден е и деловен простор од 300 м2.

Целата инвестиција со ДДВ е околу 14 милиони денари-изјави Ангел Бојаџиев, дир. на ЈП „Исар“-Штип

Средства се обезбедени во целост од буџетот на ЈП „Исар“, кое стопанисува со пазарот.