Loading Video...
Тенис
19. May 2019 - 15:35

Плишкова триумфира на Мастерсот во Рим

 
 
Каролина Пришкова од Чешка е победничка на ВТА турнирот во Рим. 
 
Четврто рангираната тенисерка на овој турнир од серијата Мастер 1.000 во финалето за 1 час и 27 минути игра,  ја победи Јохана Конта во два сета.
 
Во првиот сет Плишкова на Британката и препушти три, а во вториот сет четири гема па со конечни 2-0 во сетови стигна до својот 14-ти трофеј од ВТА турнирите. 
 
Воедно Плишкова е првата чешка тенисерка која успеала  да победи во Рим по  Реџина Марсикова од далечната 1978 година
 
Со овој триумфот Плишкова веќе утре ќе се искачи на второто место на ВТА листата што практично ќе и го донесе и статусот на втора носителка на Ролан Гарос кој почнува на 26 мај.