Плевнелиев: Единствената опција за формирање влада, но со краток период, е партијата на Трифонов
Поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев смета дека единствената опција за формирање влада, но со краток период на дејствување, е партијата „Има таков народ” на Слави Трифонов.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Плевнелиев, „Демократска Бугарија” не може да формира влада затоа што се загрижени за она што го гледаат во „Исправи се! Мафијата надвор! и „Има таков народ”.
– Оваа влада ќе работи кратко време до септември, а наесен во Бугарија ќе има предвремени парламентарни и претседателски избори. Почнувајќи од денеска, политичката состојба во Бугарија е поинаква, откако БСП го призна Румен Радев за свој кандидат за претседателските избори. Силниот човек во земјата е веќе претседателот Радев, вели Плевнелиев за телевизијата Нова њуз.
Според него, отсега човекот кој управува и е одговорен за она што се случува во Бугарија, не е Бојко Борисов, туку претседателот Румен Радев. Тој смета дека доколку дојде до трет мандат за формирање бугарска влада, Радев ќе го предаде на „Демократска Бугарија”. Оваа партија го поддржува Румен Радев и тие немаат никакви забелешки за неговата работа, иако според Росен Плевнелиев тој повеќе пати го кршел уставот на Бугарија.
Тој смета дека „Демократска Бугарија” нема шанса да формира влада, но дека тие ќе го искористат времето за рекламирање оваа една недела, колку е рокот според уставот на Бугарија. Долгорочно управување на „Демократска Бугарија” во партнерство со „популистите” на Слави Трифонов и „Исправи се! Мафијата надвор!” значи нејзин крај.
– Јас сум загрижен дека шефот на државата ќе добие повеќе права во однос на Централната изборна комисија во Бугарија. Големата битка за Бугарија е од парламентарна република да стане претседателска, вели Плевнелиев.
Тој додава дека трансформацијата на Бугарија во претседателска република е заткулисен план, во интерес на Кремљ и бугарските русофили.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.