Пленковиќ: Санкциите не ги воведе Хрватска туку сите земји-членки на ЕУ
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Прага изјави дека осмиот пакет санкции против Русија го донела цела Европска Унија, а не Хрватска и дека реализацијата не е одложена, туку дека ќе стапи во сила за сите според планираното, од 1 декември.
Неговата изјава уследи по критиките од српските власти поради забраната за увоз на руска нафта.
Во пресрет на неформалниот состанок на шефовите на држави или влади на ЕУ, Пленковиќ оцени дека обвинувањата на српските функционери против Хрватска се смешни, навредливи, неточни и груби.
Тој додаде дека сите 27 земји-членки на ЕУ ја донеле одлуката за нов пакет санкции против Русија.
Пленковиќ ги негираше тврдењата на српските власти дека одлуката е одложена за 1 декември, нагласувајќи дека таа „стапува во сила за сите во декември“.
– Вучиќ не дојде овде вчера и не се избори за одложување, тоа е глупост. Одлуката ќе стапи во сила таква каква што е, навреме, посочи Пленковиќ.
Тој повтори дека Србија може да увезува секаква нафта, освен руска нафта.
Ново на Сител
-
Дојави за бомби на сите факултети во Крагуевац
-
СЗО ги промени препораките за вакцини против Ковид-19
-
Зеленски: Една западна држава ни донираше противвоздушен систем, кој не функционира
-
Судскиот совет ги избра Анита Бошковска и Катерина Георгиевска за судијки во Врховниот суд
-
Уапсените членови на терористичката мрежа во Грција планирале напад на еврејски ресторан во Атина
-
Хил: Чувствувам напредок, најважен е фактот дека Приштина треба да ја формира ЗСО
-
Спасовски: Лоциравме кластер на лица во однос на лажните пријави за бомби
-
Во изминатото деноноќие произведени се 15.347 мегават часови електрична енергија