Ракомет
27. April 2016 - 21:12

Плеј оф: Макс Струмица триуфално во Охрид

Ракометарите на Макс Струмица ја постигнаа третата победа во плеј офот од Супер лигата откако вечерва во рамките на 3.коло како гостин го победија Охрид. Струмичани славеа со 30:28.
На вториот натпревар од оваа рунда одигран вечерва Прилеп го победи Работнички со 26:23.
Дербито на колото меѓу Металург и Вардар е одложено за 4.мај поради настапот на Вардар во Лигата на шампионите (реванш дуел со Веспрем во сабота).
Табела: Макс Струмица 9 бодови, Вардар 6, Металург 6, Прилеп 3, Работнички 0, Охрид 0.