Македонија
6. March 2017 - 15:35

Планинарското друштво „Кожуф“ организира успешно искачување на „Мусала“

Планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија изминатиот викенд организираше успешна акцијата за искачување на највиокиот врв на Балканот „Мусала“ на планината Рила во Бугарија висок 2.925 метри.

Според гевгелиските планирани поволните временски прилики им биле во прилог, како и тоа дека одбраната патека е најпристапна до „покровот на Балканот“.

- Од страната на зимскиот центар „Боровец“ кој се наоѓа во близина на „Мусала“ се упативме со жицница до местото Јастребац од каде продолживме пеш кон планинарскиот дом Хижа на надморска височина од околу 2.400 метри. Од таму ни беа потребни уште два часа пешачење до самиот врв, рекоа планинарите од Гевгелија.

Покрај гевгеличани, во успешното искачување на врвот „Мусала“ кој  254 дена во годината е покриен со снег учествувале и планинари од Демир Капија, Неготино, Кавадарци и Струмица.