Македонија
19. July 2019 - 19:43

„Пивофест“ во Прилеп почна во весела атмосфера - Цеца вечерва главна ѕвезда

Во Прилеп започна 17-тото издание на Пиво фестивалот. На првата вечер од манифестацијата пристуните кои ги имаше од цела Македонија се забавуваат на музиката од Прилепски Еснаф, Селимова Желчески, но и на рок и рокенрол звуците од Ѓорѓе Давид, Ивана Негатив и Неша Галија.

„Сакаме да продолжи оваа атмосфера, многу е убаво, да продолжи Прилеп вака оваа година и уште многу други“, велии еден од посетителите.

„Многу убаво се забавуваат младите. Јас седам тука во центарот на градот, поради музиката не спијам 4 дена, но многу е убаво и забавно“, кажа друга посетителка на фестивалот.

„Пивио фестот е една уникатна манифестација за Прилеп која привлекува многу гости од Македонија и странство“, истакна друг посетител.

„Пиво фестот е гордоста на Прилеп затоа што тука доаѓаат полно гости не само од Македонија туку и од надвор од дијаспората“, изјавии еден посетител од странство.

Најголемата гужва се очекува оваа вечер кога настапува и ѕвездата на фестивалот Светлана Ражнатовиќ Цеца. Се очекуваат гости и надвор од Македонија.

„Најмногу гости очекуваме од надвор бидејќи нормално настапуваат Цеца и Ален Хасановиќ“, вели еден угостител.

По завршувањето на официјалниот дел на главната бина секој ден забавата продолжуваше до 04 часот наутро со електронска музика на Камена Бина во центарот на градот и под Градскиот Саат каде има друг алтернативен простор.

„Чест ни е што сме дел од една ваква маниифестација и што имаме можност да ја прикажиме и заживееме таа алтернативна сцена“, додаде ДЈ Митрик, ROOM 313.

Забава секој ден се организира и за најмладите со различни активности во популарниот парк наречен „Кај пајките“. Фестивалот ќе трае се до недела.