Ф1
20. December 2017 - 11:56

Пилотот на Мерцедес се вози со Ферари?!


Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, титулите ги има освоено со Мекларен и Мерцедес, но приватно сака да вози и автомобил на големиот конкурент Ферари.

Хамилтон оваа сеозна водеше жестока борба за шампионската титула со возачот на ферари, Себастијан Фетел, од која излезе како победник. На три трки до крајот, во Мексико, Британецот ја обезбеди титулата.

Шефовите на Мерцедес би можеле да му се налутат на шампионот откако на сицијалните мрежи се појави фотографија на автомобилот Ферари, чии сопственик е Хамилтон.

Станува збор за еден од најпрестижните авотмобили, моделот „ ЛаФерари“, чија вредност надминува милион фунти. Овој ексклузивен модел е произведен во само 499 примероци.

Дека автомобилот е во сопственост на Хамилтон открил и познатиот канадски актер и комичар, инаку добар пријател на Формула 1 шампионот, Ендрју Б. Бачелор, познат како Кимгбач.