Бизнис
20. October 2016 - 20:15

Pетти самит Mакедонија 2025

Најновите светски трендови во бизнисот, инвестициите, финансиите, лидерството, иновациите и технологијата  може да слушнат на петтиот по ред  Самит на Македонија 2025.

 Над 250 гости,  професори,  директори  и амбасадори ги пренесуваат  искуствата   што  нивната дијаспора прави  за својата земја.  Позитивен пример е Израел, кој со организирање посети  на Евреите од цел свет во родната земја,  досега  инкасирале  над една милијарда долари.  Сега од нивното искуство учат Грција, Куба и Ирска

Гиди Марк- Постоиме 16 години и почнавме со 2.000 Евреи кои го посетија Израел, а досега имаме половина милион учесници. Преку програмата создаваме млада заедница. Ова е најнапредна организација во ткн. туризам кон родната земја кој модел го следат и учат од нас Ирска, Куба, Грција и други,, зијави Гиддеон Марк Амир, извршен  директор на Birthright israel 

Скандинавските искуства за поголема искористенот на обновливите извори на енергија ги пренесе Клепер, советникот на Нордискиот совет на министри. Препорачува – Македонија  има голем хидропотенцијал,  кој треба да се искористи.

Почнавте и со енергија од ветерот со инсталацијата во Богданци. Имате голем потенцијал за искористување на сонцето, шуми, а и доста депонии каде може да се извлечат биомаси кои подоцна ќе се префрлат во биогориво, рече Клепер и додаде дека предуслов за искористување на обновливите извори на енергија е да се има систем за нејзино пренесување, што може да се оствари преку заедничката мрежа во регионот.

Самитот Македонија 2025 се одржува една годишно, чија цел е  да се охрабрат успешните македонци од светот да оставрат различни водови соработка  со родната земја.