Македонија
22. May 2016 - 16:43

Петре Шилегов за кеш од 150.000 евра купил два луксузни стана на Партизанска, во екот на бомбите во 2015 година

Социјал-демократскиот сојуз секојдневно обвинува за режим и немање слобода, а имотот на нивните функционери во изминативе години е зголемен и за неколку пати. Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов кој во јавноста стана познат по вадење имотни листови за станови кои не постојат за што има заработеное и кривични пријави, според порталот Денешен во само еден ден со својата сопруга купиле два стана во вредност од 160.000 евра. На документите кои ги објави Денешен јасно се гледа дека становите на име на неговата сопруга Јасмина се со големина од 72 и 64 метри квадратни и се наоѓаат во една од најскапите локации во Скопје. На денешната прес-конференција пак Шилегов тврдеше дека новите станови се купени на кредит.

И покрај ваквите изјави на Шилегов, Денешен со документите  потврдува дека становите во еден ден се платени во кеш, на средината на 2015-та година во екот кога Социјал-демократскиот сојуз секојдневно во јавноста  ги објавуваше бомбите. За ВМРО-ДПМНЕ, пак е нејасно како Шилегов со својата пратеничка плата од 1000 евра може да си дозволи луксузен имот вреден 160.000 евра.

Од Владејачката партија потсетија дека Шилегов на свое име веќе поседува и трикатна куќа од 313 метри квадратни и стан од 88 квадрати, но и автомобил мерцедес и  Ауди со вкупна вредност од половина милион евра.  За нив е нејасно како Шилегов го зголемил својот имот за долполнителни два стана, Ако се земе предвид дека портпаролот на СДСМ од семејната фирма зема плата 23 000 денари а неговата сопруга  од само 11 000 денари.