Македонија
18. December 2020 - 11:02

Петок, 25 декември, неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

По повод првиот ден на Божиќ според Грегоријанскиот календар, 25 декември ќе биде неработен за граѓаните од католичка вероисповед во земјава, согласно Законот за празници, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Воедно, Министерството на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божиќ.