Балкан
7. April 2016 - 20:27

Петмина припадници на турските сили за безбедност убиени од осомничени борци од ПКК

Петмина припадници на турските сили за безбедност биле убиени од осомничени борци од Курдската работничка партија (ПКК) во судири во округот Мардин, Југоисточна Турција, јави турската телевизија НТВ.

Рано утрово терористите отвориле оган врз полицајци во градот Нусаибин, при што тешко бил ранет полициски началник.

Настраданиот бил хоспитализиран, но подоцна починал од повредите.

Попладнево терористи активирале бомба, поставена на пат во градот. При експлозијата загинал еден војник и полициски службеник.

Двајца полицајци биле убиени во експлозија на бомба во Нусаибин во попладневните часови.

Турските сили за безбедност продолжуваат со антитерористичките операции во повеќе реони на Југоисточна Турција.