Петличковски за употреба на хемофилтрација: Немам видено сериозна препорака од одговорна институција

Во врска со тоа дали на Комисијата за заразни болести се зборувало за процедурата за лекување на пациентите со Ковид-19 со хемофилтрација, процедура која се применувала во Клиниката „Жан Митрев“ и колку таа помага во лекувањето на ковид пациенти, Петличковски во Тема на денот на Сител рече за таа процедура не зборувале од причина што не постои во ниедна од препораките како официјално стојалиште на некоја светска и важна асоцијација.
– Постојано се измислуваат нови технологии, пристапи во лекувањето, но спорен е начинот на кој тоа е направено. Кога одредена вулнерабилна група во овој случај пациентите треба да бидат предмет на некаква експериментална метода, пропозициите, процедурите за организирање на тоа клиничко испитување се многу строги во цел свет и ние не треба да сме исклучок од нив. Како Комисија не сме се изјасниле. Тоа е повеќе ингеренција на Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Хемофилтрација е процедура во која одредени протеински или други воспалителни молекули медијатори кои циркулираат во крвта на испитаникот, пациентот се пробува специфично да бидат елиминирани без при тоа да има загуба на крв или на плазма. Како идеја како концепт подразбира тој медијатор на воспаление „интерлеукин 6“ да се тргне од циркулацијата за да се намалат последиците кои тој ги предизвикува, бидејќи кај дел од овие пациенти се работеше за прекумерен имун одговор во голем дел поттикнат од „интерлеукин 6“, истакна д-р Петличковски.
Тој посочи дека на Клиниката за нефрологија има сличен апарат, односно апарат кој може да прави хемофилтрација, кој често се користи и кај болни на интензивна нега во КАРИЛ, го користеле во ситуации каде има сепса, каде реално може да се помогне со намалувањето на токсичните или тие воспалителни медијатори во крвта.
На прашање дали тој би препорачал употреба на хемофилтрација кај Ковид пациенти, рече дека би препорачал доколку види сериозна препорака од одговорна институција. – Таква препорака немам видено, рече д-р Петличковски.
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата
-

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
-

Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Келог: Мировниот договор за Украина е навистина блиску
-

Две жени и рекле дека и е фрлена магија, за да ја тргнат барале пари и накит, измамена жена од кочанско
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
