Свет
28. December 2019 - 8:43

Пет жртви во експлозија во Сомалија

Најмалку пет лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба на безбедносен контролен пункт во главниот град на Сомалија, соопшти локалната полиција.

Капетанот Мохамед Хусеин информира дека цел на нападот бил центарот за наплата на данок во Могадишу за време на утрински шпиц.

Никој досега не ја презеде одговорноста за нападот.