Спорт плус
13. September 2022 - 9:48

Пет планинари од ПК Љуботен го искачија Митикас, највисокиот врв на Олимп

Пет члена група на планинари од планинарскиот клуб Љуботен од Тетово викендов се искачи на Митикас, највисокиот врв на планината Олимп и во цела Грција.  Дел од екипата беа Надир Мурсели, Владимир Златковски, Игор Стојановски, Дарко Спировски и Бојана Арсовска.

– Искачувањето започна во саботата околу 5 часот изутрина и претставувааше подвиг во еден ден, со поминати 15 часа на планина. Се тргнува од еден паркинг што се наоаѓа на 1100 метри надморска височина кон врвот Скала на 2882 метри надморска височина. До врвот Скала е поприлично лесно планинарење со пешачење. Најголемиот предизвик е делот од врвот Скала до врвот Митикас на 2917 метри каде што има спуштање па големо искачување на карпест предел. Целата екипа на ПК Љуботен се искусни планинари, кои добро се познаваат и не беше проблем да се синхорнизираме и организираме, објаснува Надир Мурсели.

Тетовските планинари се искачија на овој врв во рамки на планирана клупска акција, но на потфатот им се приклучила и четиричлена екипа од повеќе планинарски клубови од Босна и Херцеговина.

– Ние дента имавме вкупно 4000 метри висинска разлика ако се соберат должините со качување и враќање, информира Мурсели.

Искачувањето на највисокиот грчки врв е дел од планираните клупски акции за 2022 година.