Македонија
10. May 2021 - 17:32

Пет лица од Тајван нападнале полицаец во Скопје

Во попладневните часови на 9 мај во прифатниот центар за странци во Скопје пет лица од Тајван физички нападнале полициски службеник.

Од МВР кратко информираат дека полицаецот извршувал службени дејства во моментот на инцидентот, а полицијата работи на расчистување на случајот.