Пешак тешко повреден во сообраќајка во Скопје
Пешак се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во три незгоди со полесни телесни повреди се здобиле четири лица, а во седум е причинета материјална штета.
Како што информираат од МВР вчера полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци. Петнаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор и седум возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и 11 возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава. Затекнати се и 15 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 24 возила.
Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ООУ „Кузман Шапкарев“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Кисела вода.
Во сабота Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерството за образование во 9 часот ќе одржат Државен натпревар во рамките на сообраќајно воспитната акција „Детски семафор“ со учениците од основните училишта и сообраќајно техничка култура на младите со учениците од средните училишта од целата држава. Натпреварот ќе се одржи во ООУ „Војдан Чернодрински“.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп