Loading Video...
Кошарка
21. јуни 2021 - 14:56

Перо Блажевски ќе го предводи вториот тим на МЗТ Скопје Уни Банка

Откако професорот Боро Даскаловски ја прекина соработката со вториот тим на МЗТ Скопје Уни Банка, денеска од редовите на аеродромци потврдија дека на кормилото на овој млад прволигашки тим ќе биде перо Блажевски. 
 
За 48-годишниот легендарен македонски кошаркар кој останува запаметен по слободните фрлања со кои на МЗТ Скопје му ја донесе легендарната победа над Реал Мадрид, за прв пат ќе ја имаа улогата на прв тренер.
 
Претходно Блажевски беше асистент во Струмица и Работнички, а во 2015 година и во машката сениорка репрезентација на Македонија